Естрада

Објавени песната и видеоспотот на македонските претставници од „Дајте музика“ за Детската евровизија

today13/11/2021 11

Background
share close

„Ова е единственото место кое го нарекуваме дом и мора да сфатиме дека постапуаме погрешно“ – можеби звучи како заклучок од неодамнешната конференција за климатски промени КОП26, но всушност ова се стиховите од песната која ќе ја претставува Македонија на детскиот избор за песна на Евровизија 2021 во Париз. Четворица тинејџери од актерската екипа на проектот „Дајте музика“ која е составена од речиси 40 талентирани деца, беа избрани од страна на Македонската радио телевизија да ја претставуваат нашата земја во Париз. Два водечки и два пратечки вокали ќе го кренат гласот за заштита на животната средина и со здружени сили под зеленото знаме, ќе пеат за злото кое ѝ е нанесено на планетата Земја со глобалното затоплување. „Ние не можеме да ги решиме проблемите со загадувањето, но секој од нас може да направи огромна разлика! Потребни сме ѝ на нашата планета!“ – велат изведувачите Анастасија, Филип, Кики и Миха во нивниот блог за песната. Свесни дека не можат да ја поправат штетата што ѝ е нанесена на природата, целта на Грин форсис (Green forces) е да поттикнат што е можно повеќе деца, да го согледаат наследството и да почнат да се однесуваат одговoрно кон единственото место кое 7.9 милијарди луѓе нарекуваат дом. „Дајте музика“ е партнерски проект на Македонската радио телевизија и Рифенштал продукција. Од октомври 2019 година, шоуто има повеќе од 32 милиони прегледи на својот Jутјуб канал. Видео записот Грин форсис го изработи продукцијата Вертиго вижуалс и истото премиерно беше претставено синоќа на првиот канал на македонскиот национален сервис и официјалниот Јутјуб канал на јуниорскиот Евросонг. https://youtu.be/OAiptSTIuWU

The post Објавени песната и видеоспотот на македонските претставници од „Дајте музика“ за Детската евровизија appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%