Естрада

Нов живот за една од најубавите песни на Александар Сариевски – „Ој овчарче“ во инструментална верзија на Џељо Дестановски

today13/12/2021 21

Background
share close

Aко со нешто треба да бидеме горди како народ, тоа е дефинитивно богатата музичка историја која ја имаме во изобилие. Особено важиме за народ кој со векови го негува својот фолклор и во рамки на него имаме илијадници песни кои се пеат и по многу векови од нивното создавање. Една од нив е познатата народна песна „Ој овчарче“ која пред многу години ја испеа легендарниот Александар Сариевски. Од тогаш па до денес, оваа песна сме ја слушале од многу изведувачи, а благодарение на феноменалниот музичар – зурлаџија и кавалџија Џељо Дестановски, таа доби и инструментална верзија. Со други зборови, таа уште еднаш доби крилја благодарение на инзворедниот Дестановски.

„Ој овчарче“ е песна стара од Александар Сариевски. Мене ми остави голем впечаток музиката секако и текстот кога ја слушнав прв пат и ми даде една голема инспирација да ја направам во мој стил во изведба со моите инструменти – зурлата и кавалот. Аранжманот е направен од Александар Јовевски и секако немам зборови колку е прецизен и професионален во својата работа, мое мислење е дека поубав аранжман немам слушнато досега, вели Дестановски.

За „Еј овчарче“, Џељо се потруди и сними прекрасен видеоспот на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ (Генерал Студио). Песната е снимена во студиото на Горан Мирковски.

Сакам особоено да се заблагодарам на Тони Каскаревски и Симона Велковска, дечињата од спотот: Симеон Митевски , Евгенија Митевска и Аксенија Миландинова. Големо благодарам и до фамилиите Митевски и Миладинови од С. Строиманци – Свети Николе и фамилија Гичеви од С. Немањици Свети Николе, вели познатиот музичар.

Инаку Џељо Дестановски позади себе има и албум со наслов „10 години дестанова ризница“ кој беше финансиран од Министерството за култура. Многумина Џељо го препознаваат и од групата „Круна“, со која исто така работат на нови проекти кои допрва ќе ја видат светлината на денот. Дотогаш, слушнете и уживајте во ова феноменално музичко ремек-дело на Џело Дестановски: https://youtu.be/VplbSwmDe3k

The post Нов живот за една од најубавите песни на Александар Сариевски – „Ој овчарче“ во инструментална верзија на Џељо Дестановски appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%