Естрада

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, со нов сингл „Hearts So Cold”

today22/11/2021

Background
share close

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: "Hearts So Cold". https://www.youtube.com/watch?v=K56GJKP9rYY По неговото последно издание "Live Power Session" (последно нешто снимено во веќе легендарната "Универзална Сала Скопје"), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година. RIS FLOWER: – “Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно "НЕ!" и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна "Hearts So Cold" ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња.” "Hearts So Cold": Музика и текст – RIS FLOWER Аранжман и продукција– Мустафа Чанбазлар Снимено во – “Studio Ari” Истанбул Турција Видео спот: Бруно Велјановски (Режија), Борис Ралев (Камера), Владимир Владимиров (Монтажа) Со промоцијата на оваа песна, Ris Flower ја промовира и својата прва колекција за облека под името "Flowear" (@theflowear) чија тема се текстовите од песните на Ris Flower.

The post Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, со нов сингл „Hearts So Cold” appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Е-PLAY ЈА СНИМИ ПЕСНАТА „ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА“ СО БАЈАГА!

Нешто ново! Дует Е-Play и Бајага! Станува збор за песната „Хотел Југославија“ која е снимена во продукција на РТС. Оваа љубовна песна го носи името на местото на потекло – познатиот белградски хотел Југославија, каде што E-Play има простории за проби. Пејачката и басист на бендот Е-Play, Маја Цветковиќ по повод оваа интересна соработка изјави: „Искрено, многу е убаво да се види Бајага на лице место како пишува стихови, колку […]

today22/11/2021 32

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%