Естрада

На ОФФ-Фест пет концерти и проекција на документарец за Амалија Родригес

today27/10/2021 4

Background
share close

Јубилејното 20 издание на фестивалот ОФФ-Фест ќе се одржи од 9 до 13 ноемри. Планирани се 5 концерти и проекција на документарен филм. Фестивалот на 9 ноември во 20 часот, во Националната опера и балет, ќе го отвори извонредното португалско/шпанско дуо „Lina_Raül Refree“, кое изведува осовремена и надградена фадо музика. А, претходно од 18 часот во МКЦ- кино Фросина, сеќавањата на големата португалска пејачка легенда на фадо, Amália Rodrigues (1920-1999), ќе бидат освежени со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”. Мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на словенечкото трио „Širom“, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Kiko Dinucci, ветуваат, на 11 ноември во НОБ, исклучително концертно доживување од највисок ранг. A, на 13 ноември, исто така во НОБ , величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Blick Bassy (Камерун / Франција), ќе ја пресретне неодоливиот шарм, визија и поезија на нашиот „ Pijan Slavej“, новиот проект на Бранислав Николов – фронтменот на „Фолтин“. Влезниците за ОФФ-Фест се веќе достапни, во строго ограничен број, на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.

The post На ОФФ-Фест пет концерти и проекција на документарец за Амалија Родригес appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%