Естрада

Најголемите хитови на „Вајтснејк“ на 12 јули на стадионот на АРМ во Скопје

today11/22/2021 2

Background
share close

Голем и последен концерт на „Whitesnake“ кој ќе се случи на 12-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ, со почеток од 21 часот. Иако сите албуми им се врвни, а концертите енергични и спектакуларни, фронтменот на бендот David Coverdale одлучи во 2022 година да стави крај на WHITESNAKE. Харизматичниот рокер, кој воедно е еден од најдобрите рокенрол пејачи на светот на сите времиња- Coverdale, заедно со Whitesnake, пред македонската публика ќе ги изведат најголемите хитови со кои израснаа многу генерации: „Here I go again“, „Is this love“, „Fool for your loving“, „Still of the night“, „Love ain't no stranger“, „Give me all your love“, „Ain't no love in the heart of the city“ и уште многу други, се само дел од големите хитови на легендарните WHITESNAKE што ќе прозвучат на стадионот на АРМ, а за кои се имаме уверено дека македонската публика ги пеела и ќе ги пее во еден глас.

Возбудени сме и со радост го очекуваме настапот во Скопје каде што на оваа последна турнеја заедно ќе го славиме наследството на Whitesnake, кое речиси 50 години ги освојуваше светските топ листи. Благодарен сум што сѐ уште одиме на турнеи низ светот. Сето ова време го уживав и ги славев сите незаборавни моменти со милиони фанови што беа дел од ова исклучително патување и на кое ме поддржуваа во истото. Навистина го сакам заедничкото искуство со моите неверојатни музичари и едноставно ја сакам мојата работа и секогаш ќе ја сакам… речиси пет декадентни и вкусни децении. Ви благодарам!”- рече Coverdale по повод прошталната турнеја.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 24-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

The post Најголемите хитови на „Вајтснејк“ на 12 јули на стадионот на АРМ во Скопје appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

Естрада

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, со нов сингл „Hearts So Cold”

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: "Hearts So Cold". https://www.youtube.com/watch?v=K56GJKP9rYY По неговото последно издание "Live Power Session" (последно нешто снимено во веќе легендарната "Универзална Сала Скопје"), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се […]

today11/22/2021

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%