Естрада

МРТ го објави конкурсот за песна за Евровизија, еве кој има право на учество

today10/12/2021 16

Background
share close

Македонската Радио Телевизија (МРТ) објавува конкурс за прием на нови, оригинални, необјавени, современи авторски композиции, од кои по пат на натпревар, ќе биде избран претставникот и композицијата со која нашата држава ќе се претстави на изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, во организација на Националниот сервис на Италија (RAI) и Европската Rадиодифузна Унија (EBU). Организаторите ги покануваат авторско-изведувачките тимови да ги достават своите финални музички предлози, комплетна аудиоснимка, и со својот креативен труд да учествуваат на конкурсот/натпреварот, за да се избере најдобрата песна-претставничка за Торино 2022.

Од сите пристигнати композиции на конкурсот, МРТ ќе ги избере најдобрите, но не повеќе од шест композиции. Избраните композиции ќе ѝ бидат јавно презентирани на публиката, која по пат на транспарентно гласање ќе учествува во изборот на нашиот претставник за Евросонг 2022. Резултатот од гласањето на публиката ќе обезбеди 50 отсто од вкупните гласови, а преостанатите 50 отсто ќе бидат обезбедени од меѓународно стручно жири, се наведува во соопштението.

Композицијата и авторско-изведувачкиот тим која ќе победи во натпреварот, од МРТ ќе добие износ од 2.000 евра, наменети за финална постпродукција и мастеринг на песната. Авторско-изведувачкиот тим на композицијата која ќе ја претставува Македонија, од МРТ ќе добие право на потпишување на Договор за лиценца со овластениот музички дистрибутер од ЕБУ (Universal Music), за проектот Избор за песна на Евровизија 2022. Согласно со правилата на ЕБУ, предлог-композициите задолжително се во траење до најмногу 3 минути и во ниту еден случај не смеат да бидат претходно објавени или јавно изведени. Право на учество на конкурсот имаат сите изведувачи и автори-државјани на Република Македонија. Во авторско-изведувачкиот тим, право на учество имаат и автори вон нашата држава, додека изведувачите подлежат на обврската задолжително да се државјани на Република Македонија. Предлог-композициите се доставуваат на следната eлектронска адреса: eurosong.macedonia@gmail.com или на адреса: Македонска Радио Телевизија, бул.Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје, Македонија, со назнака „ЗА ЕВРОСОНГ 2022“. Во прилог, доставете ги следните информации: 1) Имиња на авторско-изведувачкиот тим, 2) Кратка професионална биографија од авторите/учесниците, 3) Наслов на композицијата, 4) Текст на македонски или англиски јазик, 5) Контакт од членовите на авторско-изведувачкиот тим, 6) Релевантен линк од ваша интернет страница или некој од социјалните медиуми (Facebook, Twitter, итн). Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата за избор на песна на Евровизија ќе формира релевантно стручно жири кое ќе има за цел – избор/селектирање на композициите кои ќе земат учество во националниот натпревар. Членовите на авторско-изведувачките тимови на одбраните композиции кои ќе учествуваат во националниот натпревар, ќе бидат лично контактирани од МРТ, за понатамошно исполнување на процедурите за соработка и договори.

МРТ својата финална одлука за избор на композициите кои ќе учествуваат во националниот натпревар, ќе ја објави на својата интернет страница по резултатите од работата на стручната жири-комисија. МРТ го задржува правото на прво јавно изведување, правото на видеоснимање, радиодифузно емитување и реемитување на композициите кои ќе бидат избрани на конкурсот, се појаснува во соопштението.

Како што посочуваат, Македонската Радио Телевизија го задржува правото на нарачки на композиции, а материјалите што нема да бидат избрани на овој конкурс, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите. Конкурсот за учество е отворен до 16 јануари 2022 година.

The post МРТ го објави конкурсот за песна за Евровизија, еве кој има право на учество appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

МРТ го распиша конкурсот за песна за Евросонг во Торино

Македонската Радио Телевизија (МРТ) објавува конкурс за прием на нови, оригинални, необјавени, современи авторски композиции, од кои по пат на натпревар, ќе биде избран претставникот и композицијата со која нашата држава ќе се претстави на изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, во организација на Националниот сервис на Италија (RAI) и Европската Rадиодифузна Унија (EBU). Организаторите ги покануваат авторско-изведувачките тимови да ги достават своите финални музички предлози, комплетна […]

today10/12/2021

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%