Естрада

„Моја душа”-нов хит на Марија Мирковиќ, поранешната членка на „Фрајле“

today21/03/2022 5

Background
share close

Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех. Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат. Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш. https://www.youtube.com/watch?v=rU-QMeLjdVQ Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна за припадноста кон една душа која ветува прегратки и припадност во моментите на најголема неволја. Автор на спотот е Сандра Марковиќ, која со прекрасни кадри го следи текстот од песната сѐ до последната прегратка.

The post „Моја душа”-нов хит на Марија Мирковиќ, поранешната членка на „Фрајле“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%