Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Гоца Божиновска како и многумина на естрадата често посетува бајачи и старици! Како што некогаш се пожалила, многу работи и биле предвидени во животот, како и дека на нив потрошила многу богатство. Бев кај Клеопатра кога имав 30 години, таа жена навистина знае да ти каже буквално се што ќе ти се случи во иднина. Мене буквално се ми погоди, просто да не поверува човек. Како ми кажа, така се случи. Сè што рече беше вистина. И убави работи и неубави работи. Само таа ми погоди, а другите … – изјавила Гоца пред неколку години. Искрено, не верував во тоа, но еве… Со тек на време се уверив во се. Додека бев во брак со Зоран, таа ми откри дека со него ми го гледа крајот, дека и е многу жал што на таков убавец како него ќе му се случи најлошото и што не го гледа меѓу живите. Иако тогаш веќе знаев дека е со некои луѓе и дека ќе настане хаос. Но, повторно, не можев да верувам дека таа ми го кажа токму тоа. Само што не се срушив. Љубов, никој нема да биде со него, жал ми е за тебе, но тоа е точно. Но, јас исто така гледам дека Бог те крева тебе после сето тоа, затоа што имаш таква енергија и сите светци те чуваат. Таа ме советуваше да обрнам внимание и да се грижам за сите луѓе кои работеа со мене. И сето тоа беше така. Набргу потоа се случи трагедија. Мојот свет потоа се распадна. Како што раскажа Гоца во таа прилика, она што го видела Клeопатра, се остварило и години по нивната средба, иако Гоца била многу скептична за гатањето. После ми кажа дека ќе бидам многу успешна во кариерата, дека ми гледа некој пехар во рака, а јас само се насмеав. Слушајте ја, пехар, каков пехар можам да држам. И навистина освоив Оскар за популарност. Искрено, не ми беше пријатно додека ми го откри сето ова, бидејќи не верував во тие работи. Ми се допаѓа некој да погледне во мојата чаша, и отидов кај неа од чиста љубопитност, а таа те гледа во очи и ти кажува. Некои работи што ми ги кажа се случуваат сега – рекла Гоца!
The post Љубов, со Шијан никој нема да биде: Клеопатра и ја прорекла судбината на Гоца Божиновска appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)