Естрада

Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин

today25/02/2022 4

Background
share close

Градоначалникот на Милано му рекол на Валери Гергиев, прославениот диригент близок до рускиот претседател Владимир Путин, дека нема да му биде дозволено да води оркестар во престижната опера Ла Скала во март, освен ако не ја осуди руската инвазија на Украина. Градоначалникот Џузепе Сала, кој е и претседател на Ла Скала, рече:

Бараме од него да заземе јасна позиција против оваа инвазија, а во случај да не го стори тоа, ќе мораме да се откажеме од соработката.

Гергиев, музички директор на театарот Марински од Санкт Петербург, на кого Путин му ја додели наградата Херој на трудот на Руската Федерација, треба да се врати во Скала на 5 март за да ја заврши програмата на Чајковски „Пикова дама“.

The post Милано му забрани на славниот диригент Валери Гергиев да ја води операта Ла Скала поради блискоста со Путин appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%