play_arrow
Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облаците Yana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM

Италијанската група Манескин, победник на Евровизија 2021, нема да ја започне пролетната турнеја наречена „Loud kids“, како што беше претходно најавено. Фронтменот на групата, Дамијано Давид, се обрати преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.
Се беше подготвено да тргнеме, но добивме многу лоши вести за рестрикции во последните денови. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите во кои требаше да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Досега ги откажавме сите настапи до средината на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник – изјави харизматичниот Дамиано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште пожестоки настапи кога ќе се исполнат условите за нив.
Манескин треба да настапи на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали публиката ќе биде пуштена. Засега единствено е сигурно дека ќе свират два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.
The post Манескин ја откажа европската турнеја поради коронавирусот appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)