Естрада

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ в недела на детската Евровизија настапуваат претпоследни

today15/12/2021 123

Background
share close

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. https://www.youtube.com/watch?v=OAiptSTIuWU

The post Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ в недела на детската Евровизија настапуваат претпоследни appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%