Естрада

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ в недела на детската Евровизија настапуваат претпоследни

today15/12/2021 31

Background
share close

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. https://www.youtube.com/watch?v=OAiptSTIuWU

The post Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ в недела на детската Евровизија настапуваат претпоследни appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

TYGA во Скопје на 22 јуни на стадионот на АРМ

Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека повеќекратниот Греми номиниран и наградуван артист TYGA (World Best Male Artist, World Best Live Act, World Best Song......) на 22ри јуни 2022 година на стадионот АРМ, во склоп на својата светска турнеја, доаѓа во Македонија како Headliner на FUSION FESTIVAL. Micheal Ray Nguyen - Stevenson a.k.a TYGA во својата кариера има соработувано со најголемите имиња на рап музиката, Chris Brown, Kanye West, […]

today15/12/2021 2

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%