Естрада

Концерти во Скопје и Битола за Меѓународниот ден на џезот на 30 април

today29/04/2022 27

Background
share close

За Меѓународниот ден на џезот кој се одбележува на 30 април, Здружението на џез музичари и слободни уметници организира концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје. Концертот започнува во 14 часот, а ќе настапат Џоле Грујовски „Resonance“, Џон Илија Апелгрин и Гордан Спасовски, „SS Project“, „Off Ground Ensemble“, „CuckooRack aka Bopers“, Сашо Поповски и Тони Китановски. Исто така, Младинскиот културен центар Битола најави дека Меѓународниот ден на џезот во Битола ќе се одбележи со концерт на Тони Китановски Трио, односно Тони Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас гитара. Концертот ќе се започне во 12 часот и 30 минути во кафе-барот „Порта џез“. Меѓународниот ден на џезот се одржува од 2012 година година, а со него се слави влијанието на џез музиката во промовирањето на мирот и меѓукултурниот дијалог.

The post Концерти во Скопје и Битола за Меѓународниот ден на џезот на 30 април appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%