Естрада

Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете

today29/01/2022

Background
share close

МРТ ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката. За да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа влезете на следниот линк. Може да се гласа само еднаш за една композиција. Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022. Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50). Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири. 1.Ris Flower https://www.youtube.com/watch?v=jXUFUIWAa9I 2. https://www.youtube.com/watch?v=_T9cv8wkDfI&feature=emb_title 3. https://www.youtube.com/watch?v=OfsoxGm3tJk 4. https://www.youtube.com/watch?v=xKnRa_hazkk 5. https://www.youtube.com/watch?v=Yjy2gJf8HFw&feature=emb_title 6. https://www.youtube.com/watch?v=PwqYqM7h_k0

The post Кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2022 – Слушнете, гласајте, одлучете appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

ВИДЕО: Слушни и гласај, кој е твојот фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022. Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат. Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и […]

today29/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%
AllEscort