Естрада

Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал!

today21/02/2022 8

Background
share close

Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ и стриминг платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на Фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња! Калвин Харис (Calvin Harris) е една од најголемите суперѕвезди во историјата на ЕГЗИТ фестивал! Апсолутниот хедлајнер на Главната бина магазинот „Форбс“ шест години по ред го стави на #1 место на листата на најплатени диџеи на светот, со заработка поголема од 300 милиони долари, што е дури три пати повеќе од вкупната заработка на Дејвид Гета и Мартин Гарикс. Овој мегауспешен продуцент, пејач и текстописец досега освои 32 најпрестижни музички награди, вклучувајќи ги Греми, Билборд, Ем-ти-ви и Брит, покрај дури 118 номинации! Соработките со Ријана, Ели Гулдинг, Д Викнд, Дуа Липа, Фарел Вилијамс и Мигос се само некои од вонвременските хитови со негов потпис. Познат е по рушење рекорди и поставување стандарди – неговите песни имаат импресивни 35 милијарди аудио и видео стримови, и го надмина Мајкл Џексон по бројот на песни од еден албум кои се нашле на британската топ 10 листа! Откога победи на британското натпреварување „Икс фактор“, поп, РнБ и соул пејачот Џејмс Артур (James Arthur) го освојува светот, а сега стигнува и на Егзитовиот „Меин Стејџ“, броејќи во овој момент преку пет милијарди прегледи и стримови! Неговата интерпретација на песната „Impossible“ го достигна првото место на британската топ листа на синглови и стана најпродаваниот победнички сингл на целокупното натпреварување. Следуваа големите хитови како „Say You Won't Let Go“, која исто така го достигна првото место на британската топ листа и стана една од најслушаните песни на „Спотифај“, потоа „Train Wreck“ и „Naked“, додека неговиот нов албум „It'll All Make Sense in the End“, како и сите претходни, се најде меѓу првите три албуми. Австралискиот рапер „Маскед Вулф“ (Masked Wolf), кој се наоѓа во врвот на Билборд листата на најбарани нови изведувачи, се придружува на тимот хитмејкери на Главната бина на Егзит. Тој е автор на планетарно виралната песна „Astronaut In The Ocean“, која е прогласена за најголем хит на 2021 година на ТикТок! Уште еден „ЈуТјуб милијардер” кој пристигнува на Главната бина е британскиот диџеј и хитмејкер Џекс Џонс (Jax Jones). Неговиот пробој на музичката сцена се случи со соработката со Дјук Думонт на синглот „I Got U“, кој набргу го достигна првото место на британската сингл топ листа. Откако ги освои европските радио-станици, неговиот хит „You Don't Know Me“ со пејачката Раје е номиниран за Брит награда, а следеа и бројни популарни песни, како што се „Instruction“, на која гостуваат Деми Ловато и Стефлон Дон, „Breathe“ и „All Day and Night“ во соработка со Мартин Солвеиг. Џекс Џонс и уште едно ново Егзитово име – диџејот и продуцент Џоел Кори (Joel Corry), минатата година го објавија заедничкиот сингл „Out Out“ кој е обработка на планетарниот денс-хит „Alors on Danse“ на Стромае и кој наиде на одлични реакции. Џоел Кори е една од најголемите нови ѕвезди во Велика Британија, кој радио-станиците и фановите ги освои со сингловите „Sorry“, „Lonely“ и „Head & Heart“. Две песни кои дефинитивно ја обележаа претходната година се клупската химна „Love Tonight“, која на ЕГЗИТ ја носи австралискиот есид-хаус двоец „Шоус“ (Shouse), и „Do It To It“, која за публиката на Главната бина ќе ја изведе „Акрејз“ (ACRAZE). Своите мегахитови „Faded“, „In the Morning“ и „Working For It“ енергично ќе ги претстави ЗУ (ZHU), а за најжестокиот звук на оваа бина ќе бидат задолжени големите имиња кои ја обележаа историјата на метал и хардкор, њу-вејв и пост-панк сцената – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death), „Блајнд Чанел“ (Blind Channel) од Финска и белорускиот состав „Молчат Дома“ (Molchat Doma). Настапите на еден од најпознатите фестивалски танцови подиуми – фамозната Денс Арена, ги потврдија претставничката на хаус звукот, модната икона и активистка Хани Дижон (Honey Dijon), предводникот на светската сцена и продуцентскиот гениј Масео Плекс (Maceo Plex), холандската сензација која зад себе има распродадени сали и најуспешниот настап на минатогодишниот „Амстердам Денс Евент“, еден од моментно најбараните техно продуценти Реинир Зоневелд (Reinier Zonneveld), потоа младиот Британец со завидна кариера, музичко знаење и сестран пристап кон денс музиката Денис Султа (Denis Sulta), претставничката на новата генерација на италијанската техно сцена Анфиса Летјаго (Anfisa Letyago), членовите на угледниот „Afterlife“ лејбл – техно дуото „Матаме“ (Mathame), како и словенечката хаус диџејка во подем Брина Кнаус (Brina Knauss). Уметничка нота на електронската музика ќе дадат единствениот изведувач Сатори и сестраниот мултиинструменталист и лајв-перформер Монолинк. Заеднички сет со брилијантниот техно звук носат кралицата на палестинската сцена, единствената Сама’ Абдулади (Sama’ Abdulhadi) и АНА (ANNA), која светската сцена ја освои доаѓајќи од Бразил. Нови големи имиња на Денс Арена ќе бидат објавени наскоро! На „Фјужн“ бината пристигнуваат добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон (Marky Ramone), еден од пионерите на електронската музика со балкански етно елементи ЏАЈКОВСКИ, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши Паст Авеј“ (She Past Away), еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионот – панк-фолк бендот „Бркови“, култните риечки и повторно собрани панкери „Параф“, како и „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коуч Парти“ и Сана Гариќ. Жестоката „Експлозив“ бина ја предводат „Бери Тумороу“ (Bury Tomorrow), „Дисчарџ“ (Discharge), „Инкантејшн“ (Incantation), „Москов Дет Бригаде“ (Moscow Death Brigade), „Нервоса“ (Nervosa) и „Танкард“ (Tankard), а настапите ќе ги засилат и „Архитект оф пеин“ (Architect of Pain), „Блек Тут“ (Black Tooth), „Чеинс“ (Chains), „Хереси“ (Heresy), „Мадвро“ (Madvro), „Мискондукт“ (Misconduct), „Ноктифериа“ (Noctiferia), „Оатхбрингер“ (Oathbringer), „Прогон“ (Progon), „Шајнинг“ (Shining), „Стреинџер“ (Stranger), „Терминал Проспект“ (Terminal Prospect) и „Андерстоунс“ (The Understones). На „Икс бас Пит“ бината ќе настапат локалните драмендбејс изведувачи Бабун, Бане, Бо Џа МЦ, Базин, Кодекс, Дроп Сенсеи, Еуфорикс, Индукт, Неми, Соулдрајв, Синфронисити, Тис и Ветас. Славниот британски магазин Ен-ем-и (NME) неодамна го номинираше ЕГЗИТ за најдобар фестивал на светот! Исклучителни новости се и дека ЕГЗИТ влегува во Метаверз и го најавува претставувањето на специјална дигитална уметност во форма на незаменливи токени – НФТ. Првата НФТ колекција, која наскоро ќе биде достапна, ЕГЗИТ ја креира во соработка со големите музички ѕвезди на денешницата. ЕГЗИТ фестивалот ќе се одржува од 7 до 10 јули 2022 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија, а своите настапи ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, ZHU, ACRAZE, Djaikovski, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а нови имиња пристигнуваат наскоро! Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари, со заштеда од 60 отсто. Нивниот контингент е лимитиран и кога ќе се распродаде во понудата ќе се најдат влезниците со повисока цена. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цени, со повеќе од 40 отсто попуст. Цената на регуларните еднодневни влезници е 1.950 денари, фан-пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците можат да се купат онлајн преку страницата на МкТикетс.

The post Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал! appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%