Естрада

Инспирирана од љубовта кон фамилијата, „За вас“ е новата песна на Никола Зацески

today05/01/2022

Background
share close

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика. Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски. Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон фамилијата.

Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи – сето тоа испреплетено во една песна. Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив, вели младиот Зацески

За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи младиот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот. https://youtu.be/Vnzof-n6La0

The post Инспирирана од љубовта кон фамилијата, „За вас“ е новата песна на Никола Зацески appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Македонските пејачки полудеа по „Полноќ“, ова се нивните верзии на песната од „Тома“

Како и самиот филм, така и песната „Полноќ“ од „Тома“ е вистински хит во Македонија. Таа не е вистинска песна од Тома Здравковиќ, туку е новокомпонирана од српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ, кој ја напишал со помош на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац, кој навистина пишуваше и за Силвана Арменулиќ во минатото. Желбата на тимот беше песната да биде „народна, од тоа време“, т.е. да звучи што поавтентично и пред се да […]

today05/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%