Естрада

Илинка Скаловска со комплетна музичка обработка на народната песна „Ој месечино“

today11/20/2021 1

Background
share close

Илинка Скаловска е автор на музичка обработка на народната песна „Ој месечино“ која деновиве се појави и со видео запис. Аранжманот, изведбата и режијата се на Скаловска, снимател: Никола Нацев, монтажа: Илинка Скаловска и Никола Нацев. Видеото може да го погледнете на следниов линк.

Оваа моја музичка обработка на народна песна е мое прво дело од ваков вид. Претходно имам изведувано и компонирано дела од други жанрови, но сега добив желба да создадам композиција кој го вклучува македонскиот народен мелос и народните инструменти, така што ова мое дело е некој вид на комбинација на народна музика со тип на вокална изведба која се доближува на стилот на забавната музика и во исто време соджи и елементи и инструменти кои се карактеристични за класичната музика. Желба ми беше да направам дело од софистициран тип кое во себе ќе ги содржи нијансите на нашата народна музика, но на еден нов, изменет начин без целосно да влезе во рамките на чистата народна музика. „Ој месечино“ е песна што од секогаш ми се допаѓала и ме инспирирала и затоа решив токму таа да биде моето прво дело од ваков вид, на кое, се надевам, ќе му следат и неколку други, вели Скаловска.

Илинка Скаловска своето музичко образование го стекнала во музичкото училиште во Скопје, каде се здобива со нижото музичко образование-инструмент клавир и средно музичко образование-теоретска настава. Заминува на студии во Италија, каде дипломира композиција и хорско диригирање на музичкиот конзеравториум во Падова, додека магистратурата ја завршила на конзерваториумот во Венеција. Образованието го надополнува со студии по пеење кои успешно ги завршила на конзерваториумот во Виченца. Досега настапувала како пејачка-хористка или солистка во повеќе хорови во Италија и во Македонија, но и како диригентка. Била дел од хорот „Менада“ од Тетово со која настапила на фестивалот „ТЕХО 2019“ на кој се одбележаа 100 години од раѓањето на композиторот Тодор Скаловски.

The post Илинка Скаловска со комплетна музичка обработка на народната песна „Ој месечино“ appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

EX-YU ЕСТРАДА

По разводот со Северина, Игор „трча“ по познатата актерка и негова поранешна девојка

По неодамнешниот развод со Северина, Игор Којиќ, неодамна се сретнал со поранешната девојка. Како што пишуваат српските таблоиди, Игор конечно го преболел разводот и одлучил повторно да го освои срцето на својата поранешна девојка, Катарина Радивојевиќ, која беше актуелна пред шест години кога Игор ја остави токму поради Северина. Сспоред таблоидските пишувања, Игор воопшто не се труди да ги сокрие симпатиите кон Катарина. Игор долго време не ја виде Катарина. […]

today11/18/2021 2

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%