
Почина познатиот пејач Масимо Савиќ
Познатиот и ценет на поранешните југословенски простори пејачот Масимо Савиќ почина на 61-годишна возраст по кратко боледување, ја потврдиле во петокот од Аквариус рекордс тажната вест. Неговата сопруга Ени и ќерката Мирна се простија од Масимо со емотивна објава на социјалните мрежи. „По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души. Насмеан, топол, […]