Естрада

Хитовите на Синатра синоќа на романтичен концерт во Битола

today13/02/2022 10

Background
share close

„LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра. Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра.

Од неговата смрт поминаа 24 години, но неговата музика инспирирана од љубов, стана безвременска. Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени, истакна Јасна Димитровска.

Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори со кој раководи Марјан Бакревски.

Секој наш концерт е различен и во тоа е убавината да се живее музиката на сцената. На овој проект со Јасна работевме два месеци и резултатот синоќа беше евидентен, го прикажавме музичкиот живот на Синатра, на негов начин со лет до месечината, истакна Бакревски.

Публиката уживаше во 90 минутниот концерт, спонзорите им приредија изненадувања на публиката, а таа ги награди уметниците со долги аплаузи и враќање два пати на бис.

The post Хитовите на Синатра синоќа на романтичен концерт во Битола appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%