Естрада

Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас

today20/01/2022 9

Background
share close

Церемонијата на доделување награди „Греми“ во чест на врвните музички изведби е презакажана за 3 април во Лас Вегас, соопштија во вторникот (18 јануари) Академијата за снимање и „Си-би-ес“, телевизијата што го пренсува настанот радиодифузерот. Настанот требаше да се одржи на 31 јануари во центарот на Лос Анџелес, но организаторите го откажаа тој датум бидејќи Омикрон варијантата на Ковид-19 предизвика нов бран инфекции. Комичарот Тревор Ноа ќе биде домаќин на церемонијата, која ќе се емитува на телевизија и ќе се пренесува во живо од „МГМ Гренд гарден арената“. Номинациите за „Греми 2022“ беа објавени во ноември. Џез-музичарот Џон Батист ја предводи трката со најглем број номинации. Листата се движи од рап до џез музика и оддава признание на новите ѕвезди како што е тинејџерската поп сензација Оливија Родриго, а и ветераните, како Тони Бенет (95), кој го освои своето прво „Греми“ во 1963 година.

The post Греми-наградите презакажани за 3 април во Лас Вегас appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%