Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема Може нешто од Војо Стојановски?😁 Dedication Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM! Dedication Супер песни пуштате, продолжете само така!

Естрада

Грашо за концертот во Скопје: Едвај го чекам 18 мај да пеам заедно со македонската публика

today27/04/2022 9

Background
share close

По успешните концерти во Целје, Задар, Марибор, Сплит, по двете преполни арени во Загреб, миленикот на балканската публика Петар Грашо со нетрпение го очекува големиот солистички концерт во нашата метропола. Скопјани, па и цела Македонија со нетрпение го очекуваат 18-ти мај и заедно да ги пеат големите хитови на хрватската музичка ѕвезда како што се: „Уторак“, „Ко нам брани“, „Волим и Постојим“, „Ако те питају“, „Моје злато“, „Јел ти река ко“ и многу други…

Бев пред неколку недели во Скопје, си поминав преубаво. Всшуснот јас секогаш си поминувам преубаво во вашата земја. Не за бадијала покојниот Оливер Драгоевиќ доагаше неколку дена порано пред неговите концерти во Македонија, сега го разбирам зошто. Едвај чекам да дојде 18-ти мај и заедно да пеам со македонската публика, вели Грашо.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон. Да уживаме на 18. мај во „Арената Борис Трајковски“ и да му докажеме на Петар Грашо дека во Македонија е највеселата публика во светот.

The post Грашо за концертот во Скопје: Едвај го чекам 18 мај да пеам заедно со македонската публика appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%