Естрада

Eд Ширан ќе пее за Украина

today21/03/2022 13

Background
share close

Групата „Сноу патрол“, Ед Ширан, Камила Кабело, Емели Санде и Грегори Портер се првите уметници најавени за Концертот за Украина – двочасовен настан за собирање пари и средства за добротворни цели во Украина, закажан за наредниот вторник – 29 март. Како што беше најавено минатата недела, „ИТВ“, „СТВ“ и „Лајввајер пикчрс“ се здружија со Комитетот за итни случаи при катастрофи (ДЕЦ) и групацијата „Медија ентертејнмент глобал“ за тековниот Хуманитарен апел на ДЕЦ Украина. Добротворниот концерт ќе се одржи во „Ресортс ворлд арена“, во Бирмингем, Велика британија. Билетите ќе бидат пуштени во интернет-продажба утре (вторник, 22 март). Дополнителни податоци за настапувачите ќе бидат објавени во наредните денови. Сите приходи од гледачите, како и спонзорствата и рекламирањето – од каде што се очекува да се соберат најмалку 3 милиони фунти, ќе одат во донации. Преносот ќе ги комбинира музичките изведби со куси видеоснимки за војната во Украина. Гледачите ќе можат да даруваат пари во текот на целата вечер

The post Eд Ширан ќе пее за Украина appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%