Естрада

Долгот од 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои, Симеон вели ќе го плати ако куќата се даде на Министерството за култура

today18/01/2022 11

Background
share close

И по пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска, долгот за лекување во болницата „Аџибадем Систина“ со износ од над 14.000 евра сè уште не е подмирен. Симеон Атанасов, кој е едно од децата на Теодосиевски кои ги посвоија и кој беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот, во интервју за Бекстејџ потврди дека сметката не е платена и дека се понудил да ја плати целата сума.

Јас се понудив да ја платам сметката како што ги покрив сите погребални работи кои што требаше и имам за тоа фактури. Не е покриена бидејќи дента кога почина веќе имаше индикации дека Реџепови ќе ги остават двата тестаменти кои Есма ги остави. Јас во консултација со моите адвокати бев сопрен, затоа што по некое правило кога некој нешто наследува, тој го наследува и доброто и лошото. Поради тоа е стопирана целата постапка со „Систина“ да не се покрие овој трошок, вели тој.

Јавноста остана затечена по веста за неплатениот долг, оти откако Есма почина, нејзините внуки од сестри и браќа, како и внуци на Стево до денес водат битка како и кој да ја наследи куќата на Кале. Атанасов додава дека ако Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за култура, овој долг ќе го покрие. https://youtu.be/c23Uz1VYQHg

The post Долгот од 14.000 евра за лекувањето на Есма уште стои, Симеон вели ќе го плати ако куќата се даде на Министерството за култура appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%