Естрада

Дали ризикуваат со неа: Ексцентричната Констракта ќе ја преставува Србија на Евровизија

today06/03/2022 7

Background
share close

Вчера (05.03), по две полуфинални вечери, се одржа финалето на српскиот избор за песна на Евровизија, на кој настапи и нашата Тијана Дапчевиќ, а учествуваа вкупно 18 финалисти. Победата ѝ припадна на Констракта, односно Ана Џуриќ родена 1978 година во Белград. Српската ексцентрична уметница ќе ја претставува својата татковина на Евровизија во Торино, Италија во мај. Констракта е мајка на две деца и архитект. Нејзината песна „In corpore sano“ стана хит на социјалните мрежи и број 1 во трендинг на Јутуб во Србија за кусо време, иако на почетокот се сметаше за аутсајдер. Таа беше изгласана со гласови од жирито и публиката. На второ место заврши Сара Јо со песната „Мушкарчина“. Изборот беше совршено организиран, со одлични водители, концепт, раскошна сцена, специјални ефекти, евровизиски стил на гласање и што уште не. Многумина велат дека Србија успеа да си организира вистинска Евровизија во својата земја. Песната на Констракта говори за начинот на живот на слободните уметници и поддршка за нив, за тоа како креираат и создаваат, а немаат здравствено осигирување. Целта на песната е да го фокусира вниманието на тоа. Констракта не ја очекуваше победата и ја прифати збунета и со солзи во очите. На српските медиуми се пишува дека песната е инспирирана и од член на нејзиниот поранешен бенд. Гитаристот починал од леукемија, наводно без здравствено осигурување, и сега неговото семејство се бори за да преживее. Текстот на победничката песна започнува на специфичен начин со стихот „Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл“.

The post Дали ризикуваат со неа: Ексцентричната Констракта ќе ја преставува Србија на Евровизија appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%