Естрада

Цеца и Анастасија Ражантовиќ со прв заеднички концерт во Македонија

today11/04/2022 15

Background
share close

Голем и неколкучасовен музички хепенинг најавуваат балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ за нивниот прв заеднички концерт во Македонија. Концертот ќе се одржи на 11 јуни во „Аква парк“ во Пробиштип, а организаторите очекуваат гости и од соседните земји како Бугарија и Србија. Дека станува збор за голем музички спектакл говори и тоа што Цеца и Анастасија во Пробиштип доаѓаат со цела „армија“ од професионалци кои се ќе потрудат да звучат и изгледаат светски. Организаторот на овој музички концерт, „Aqua Park Probistip“ велат тие ќе пеат на можеби најмодерната музичка опрема досега во нашата земја.

Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија, велат организаторите.

Исто така, пиар-службата на двете музички ѕвезди веќе најавиле дека во Македонија со Цеца и Анастасија ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство, односно Вељко Ражнатовиќ со неговата сопруга и уште неколкумина други… Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда, 13 април, и ќе можат да се набават онлајн преку мрежата на „www.kupikarta.com“, како и Розе Веро 2, White Horse Скопје и билетарата на Aqua Park Пробиштип.

The post Цеца и Анастасија Ражантовиќ со прв заеднички концерт во Македонија appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%