Естрада

Четкар годината ќе ја почне со концерти низ САД

today12/01/2022 1

Background
share close

Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со концерти низ САД. Според предвидената програма, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, а на 12 февруари концерт е закажан во њујоршкиот „Chelsea Table + Stage“ клуб. Мини турнејата низ САД ќе биде заокружена со концертот во „Norton Museum of Modern Art“ во Палм Бич на Флорида. Владимир Четкар е дипломец на престижниот музички Универзитет „Беркли“ во САД, каде има завршено студии по модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Јадорот на неговиот бенд се Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ. Неговите песни се емитувани на програмата на најпознатите светски радија што емитуваат таков вид музика.

The post Четкар годината ќе ја почне со концерти низ САД appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%