Естрада

Четкар годината ќе ја почне со концерти низ САД

today12/01/2022 1

Background
share close

Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со концерти низ САД. Според предвидената програма, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, а на 12 февруари концерт е закажан во њујоршкиот „Chelsea Table + Stage“ клуб. Мини турнејата низ САД ќе биде заокружена со концертот во „Norton Museum of Modern Art“ во Палм Бич на Флорида. Владимир Четкар е дипломец на престижниот музички Универзитет „Беркли“ во САД, каде има завршено студии по модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Јадорот на неговиот бенд се Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ. Неговите песни се емитувани на програмата на најпознатите светски радија што емитуваат таков вид музика.

The post Четкар годината ќе ја почне со концерти низ САД appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Македонскиот рапер гради музичка кариера од Америка: Сонував дека ќе се случи ова еден ден!

Александар Петров или пак Вукац. Оние што пред десетина година ја следеа македонската рап-сцена и тоа како го паметат ова име. Меѓутоа цели 10 години од Вукац ниту трага, ниту глас на музичката сцена. Причина за тоа беше неговото преселување во Соединетите Америкнаски Држави во потрага за подобар живот. И по цели 10 години музичка апстиненција, Вукац реши повторно да се врати онаму каде што застана. По долги години пауза, […]

today11/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%