Радио KISS FM – EX-YU Музика Радио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
По патот со облаците Yana Bolder
Петар Грашо со нова романтична балада KissFM
Десислава Димитрова и Мартин Стојанов денеска ќе ја претстават Бугарија на детската Евровизија, која се одржува во Париз. Бугарската песна за детската Евровизија е создадена од бугарско-македонски тим, кој се состои од претставникот на Евровизија 2021 на Македонија, Васил Гарванлиев, Давор Јордановски, Весна Малинова и Стан Стефанов, кој е автор на текстот на песната. Во специјална порака кон бугарската публика за време на претставувањето на заедничката песна Васил Гарванлиев изјави дека проектот е своевиден мост на Балканот.
Многу се радувам дека сум дел од бугарскиот тим за Детската Евровизија 2021 – изјави Гарванлиев и истакна дека верува оти нема граници во музиката и во обидите со љубов и соработка да се надмине омразата.
Гарванлиев порача дека ова е еден мошне добар проект со големо значење. Ова е прво учество на Бугарија на детската Евровизија, по петгодишната пауза.
The post Бугарија на детската Евровизија ќе се претстави со песна на македонско-бугарски тим предводен од Васил Гарванлиев appeared first on Република.
Written by: KissFM
ВЕБ РАЗВОЈ И ДИЗАЈН АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ
Post comments (0)