Естрада

Британската Кралска пошта ќе издаде специјална серија од 12 поштенски марки во чест на „Ролинг стоунс“

today11/01/2022

Background
share close

Британската Кралска пошта денеска објави дека ќе издаде специјална серија од 12 поштенски марки „во чест на еден од најдолговечните рок-бендови на сите времиња“, „Ролинг стоунс“. Тоа, во годината кога групата ќе ја одбележат својата 60-годишнина. Нивните настапи низ светот ќе бидат овековечени на осум поштенски марки, како и ликовите на пејачот Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рони Вуд и починатиот тапанар Чарли Вотс, кој почина минатата година, на 80-годишна возраст.

Малку бендови во историјата на рокот успеаја да создадат толку богата и обемна кариера како Ролинг Стоунс!, рече Дејвид Голд, претставник на британската мултинационална Кралска пошта. – Тие создадоа некои од најкултните и најинспиративни албуми во современата музика, а нивните настапи во живо може да се наречат револуционерни!

Основан во 1962 година, „Ролинг стоунс“ е еден од најуспешните и најдолговечните рок-бендови во светот, со проценета продажба од над 240 милиони примероци ширум светот и бројни награди, вклучително и три „Гремија“. „Стоунс“ се четвртата британска музичка група, по „Битлс“, „Пинк Флојд“ и „Квин“, во чија чест Кралската пошта издаде специјални поштенски марки. Серијата ќе се најде в продажба од 20 јануари.

The post Британската Кралска пошта ќе издаде специјална серија од 12 поштенски марки во чест на „Ролинг стоунс“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Не се знае како стигнала до него: Бугарски пејач сними поп-фолк спот со гитарата на Тоше

Во новиот видеоспот на младиот пејач Лео, тој користи многу специјална гитара, пишува бугарски „Сигнал“. Според нивните информации, тој јво својот нов спот за песната „Ти си мојот живот“ ја користи гитарата на која некогаш свиреше нашиот Тоше Проески. Гитарата му била омилена на Проески и со неа ги создал своите големи хитови, пишува порталот. Како стигнала гитарата до Лео и дали е автентичната не е објаснето. https://youtu.be/sBw4iyzXQkoThe post Не […]

today11/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%