Во Крушево и на Гумење денеска ќе биде одбележан роденденот на Тоше
Со посета на вечното почивалиште на Тоше, со промоции, крводарителска акција, со доделување хуманитарни ваучери и со сценско-музички настан насловен „Ангел си ти“ во Крушево на Гумење и во неговата спомен куќа, ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајната несреќа кај Велика Градишка во Хрватска. Одбележувањата почнуваат со крводарителската акција во спомен куќата „Тодор Проески” на Гумење во Крушево, каде се и најавените настани. Акцијата […]