EX-YU ЕСТРАДА

Беше голем другар со Тома Здравковиќ: Тозовац не можеше да си прости што еднаш се степале во соба

today05/01/2022 2

Background
share close

Тома Здравковиќ, кој почина на 30 септември во Белград, е човек познат како боем и човек со најголема душа на естрадата, кој зад себе остави голем број спомени и анегдоти со своите колеги со кои често се дружеше и заглавуваше по кафеани. Еден од неговите најдобри пријатели на естрадата беше Предраг Живковиќ Тозовац, кој честопати со носталгија зборуваше за својот колега, кого многу го сакаше и почитуваше.

Не мислам дека Тома беше боем. Тој беше голем уметник, одличен пејач, боженствне поет, Многу ми е жал што така прерано умре. Беше голем кавалер. Ако тоа е боемштина – ајде, беше и боем. Само, Тома ги спои двете работи што се опасни по живот. Сакаше да пие и немаше граница – раскажуваше Тозовац.

Тој со тага си спомнуваше за една непријатна случка со Тома во моменти кога се обидувал „да го тргне од чашката“.

Еднаш се обидов и тој ме нокаутираше. По еден наш настап го чекаа некои момци со коишто сакаше да оди да пие. Едвај го одвлеков до собата и таму се степавме. Ме удри толку силно, што мислам дека ме нокаутира. Тогаш два-три-четири пати добро го расшамарав и тој се смири. Седев во собата уште околу еден час, кога тој конечно заспа затоа што знаеше дека треба да продолжиме понатаму со турнејата – раскажуваше Тозовац, пред скоро една деценија.

The post Беше голем другар со Тома Здравковиќ: Тозовац не можеше да си прости што еднаш се степале во соба appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%