Естрада

„Барселона џипси Балкан оркестра“ пред настапот во Скопје: Едвај чекаме заедно да ја отпееме „Море сокол пие“

today16/11/2022 13

Background
share close

„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие“. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија“, ова е пораката што на македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO).

Премиерната дружба со македонската публика е во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува.

Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!“, велат членовите на БГКО.

Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra), и тоа во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.

https://www.youtube.com/watch?v=OADZN77kkps

The post „Барселона џипси Балкан оркестра“ пред настапот во Скопје: Едвај чекаме заедно да ја отпееме „Море сокол пие“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%