Естрада

Баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини викендов на јутјуб каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци

today10/29/2021

Background
share close

КСП Подиум-Јадро Кавадарци во соработка со Bed Time Story, ви го прикажува ДЏ Тевидма со шестмина ВЏ. Настанот ќе се случи на 31 октомври, во 21 ч., и ќе се прикажува во живо на YouTube кналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци. Тевидма е артист кој ги искажува хипнотичките и длабоките шумските звуци во Берлинското техно. Тој се стреми кон совршен баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини, енергични средни тонови и интензивни мелодии во високите тонови. Визуелајзери на настанот се: Марија Дичова Наумоска, Лина Дамјан, Томи Соколов, Габриела Дамјановска, Ема Велковска и Лорета Стефановска. Настанот ДЏ х ВЏ е дел од проектот „МОДЕЛИ НА ЈАВНО-ЦИВИЛНИ ПАРТНЕРСТВА:НОВ БРАН НА КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ ЗА КО-УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА“, 2021 година финансиран преку Министерство за култура на РСМ.

The post Баланс на безвременската музика исполнета со дистописки баслини викендов на јутјуб каналот на КСП Подиум-Јадро Кавадарци appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

Естрада

Гитара на основачот на „Пинк флојд“ продадена за над 27.000 долари

Гитара на еден од основачите на бендот „Пинк флојд“, Сид Барет, беше продадена на наддаввање во аукциската куќа „Шефинс“ во Кембриџ за 27.400 долари. Акустична гитара „Јамаха“, со 12 жици, која му припаѓала на Барет (1946-2006), е оригинален музички инструмент од 1969 година. На аукција ја ставил Марк Барет, внукот од брат на гитаристот, и првично била проценета на 13.700 долари. Мило ми е што гитарата ќе оди кај некој […]

today10/29/2021

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%