Естрада

Aдел ги одложи концертите во Лас Вегас, половина од нејзиниот тим се заболени од Ковид-19

today21/01/2022 7

Background
share close

Адел сподели емотивно видео на Инстаграм во четвртокот, во кое со солзи во очите информира дека ги одложува концертите во Лас Вегас. 33-годишната пејачка заплака кога им соопшти на своите фанови дека е принудена да го одложи почетокот на нејзината многуочекувана серија концерти во познатиот хотел „Цезар Палас“ поради случаи на Ковид-19 во нејзината екипа. Адел призна дека се чувствува многу потиштена што не може да се качи на сцената и дека е засрамена од доцнењето. Таа во видео споделено на нејзините профили на социјалните мрежи рече: „Многу ми е жал, но мојот концерт не е подготвен.“ „Се обидовме апсолутно сè што можеме за да го подготвиме на време и да биде доволно добро за вас, но бевме апсолутно девастирани од коронавирусот. Половина од мојата екипа и тимот се заболени со Ковид и беше невозможно да се одржи концерт.“ Серијата концерти Weekends with Adele („Викенди со Адел“) беа објавени во ноември. Поп дивата требаше да има по два настапи секој викенд до 16 април, односно во период од 12 недели. Сè уште е уште не е познато кој ќе биде новиот датум за почеток на серијата концерти.

The post Aдел ги одложи концертите во Лас Вегас, половина од нејзиниот тим се заболени од Ковид-19 appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%