Естрада

„АББА“ објавија спот за „Чикитита“

today21/03/2022 5

Background
share close

Легендарниот шведски бенд „АББА“ објави нов спот со стхови за нивниот хит „Чикитита“ (Chiquitita). Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Вуле-ву“ (Voulez-Vous) од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот. „Чикитита“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот. За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од „Би-Би-Си“ во Швајцарија, во 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со снешко во позадината. „АББА“ неодамна повторно се обединија за да го издадат „Војаж“ (Voyage) – деветтиот студиски албум на бендот и прв по 40 години. Најавено е и ново концертно искуство со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт ќе се одржи на 27 мај.

The post „АББА“ објавија спот за „Чикитита“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%