Естрада

Констракта откри зошто пее баш за косата на Меган Маркл и зошто мие раце на сцената

today06/03/2022 11

Background
share close

Mузичаркат Ана Ѓуриќ, попопозната со мистериозното уметничко име Констракта, убедливо победи во големото финале на „Беовизија“ и со „In Corpore Sano“ ќе ја претсавува Србија на изборот за песна на Евровизија во Италија. Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со Лејди Гага, до овој настап не беше многу позната во Србија, но уште по настапот во полуфиналето стихот од нејзината песна „Уметницата мора да биде здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи.

За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа… Човек мора да биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв. Од друга страна, можно е да се постигне здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, во кое болеста и смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како во здравството, така и во едуцирањето на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо…, вели Констракта за стиховите на песната.

Нејзините стихови „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?“ ја освоија публиката, а Констракта откри зошто поранешната војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.

Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи во весници пишуваат дека има убава коса… Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шапки, а Меган убава коса. И Меган беше протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите, рече таа.

Инаку, таа е дипломиран архитект, претседателка на куќниот совет во зградата во која живее, мајка на две деца и членка на познатата српска алтернативна група „Земља грува“. Како што открива, псевдонимот Констракта е спој на рационалното и емотивното во едно. https://youtu.be/ZutV48eoG_c

The post Констракта откри зошто пее баш за косата на Меган Маркл и зошто мие раце на сцената appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%