Естрада

„Ју-ту“ со ново видео им оддадоа почит на жртвите од „Крвавата недела“

today31/01/2022 17

Background
share close

Ирската рок група „Ју-ту“ им оддаде почит на жртвите на „Крвавата недела“, синоќа, на денот кога пред 50 години британски војници пукаа врз мирни демонстранти во Cеверна Ирска и убија 13 луѓе. Бендот објавуви и нова верзија на нивната позната песна „Недела, крвава недела“ (Sunday Bloody Sunday) на својот интернет-простор. Видеото е проследено со сцени од настанот. https://www.youtube.com/watch?v=_xHNDiZQv6w Предводени од семејствата на жртвите, во текот на вчерашниот ден, стотици луѓе учествуваа во поворката низ улиците на Дери – како што ирските републиканци го нарекуваат градот Лондондери во Cеверна Ирска. На 30 јануари 1972 година, британски војници убија 13 лица на мирните протести за граѓански права на католиците. Тој колеж е една од најтемните епизоди на конфликтот во Cеверна Ирска меѓу католичките републиканци, поддржувачи на ирското обединување и протестантските лојалисти, поддржувачи на британската круна.

The post „Ју-ту“ со ново видео им оддадоа почит на жртвите од „Крвавата недела“ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%