Естрада

Џез матине и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата најдобар млад џез музичар

today29/01/2022 3

Background
share close

Скопскиот џез фестивал денеска со џез-матине ги промовирапе новите календари за 2022 година и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, во кое членуваат и Андреа Мирческа – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

Актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, Филип Букршлиев, е еден од најплодните и најангажираните актери на домашната џез-сцена. Името на овој извонредно талентиран скопски гитарист, композитор и импровизатор се наоѓа на повеќе од 20 албумски изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Филип Букршлиев Трио, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со несекојдневна духовитост, раскошна фантазија и исклучителна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност.

The post Џез матине и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата најдобар млад џез музичар appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%