Естрада

Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје

today18/01/2022 9

Background
share close

Моментално еден од најбараните и најслушани пејачи на Балканот, Ацо Пејовиќ со голем солистички концерт на 26-ти март ќе се претстави пред македонската публика. Концертот е закажан во спортската арена „Борис Трајковски“, а на неколкучасовниот концерт, миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други. Особено Пејовиќ последниве месеци е актуелен по мега-популарниот филм „Тома“, бидејќи токму тој ги пее песните кои се пеат во филмот, а пред триесет години ги испеа легендарниот Тома Здравковиќ. Македонската публика ќе има прилика да ги слушне песните на Тома испеани од грлото на Ацо Пејовиќ, песни без кои денеска не поминува ниту една забава. „Свирајте ночас“, „Јелена“, новокомпонираната „Поноќ“, „За Лилјану“ и уште неколку други ќе се пеат во живо на 26-ти март.

Многу се радувам на овој концерт. Сум настапувал многупати во Македонија, публиката е феноменална, дружбите кај вас се паметат долго. Но, овој концерт посебно ме радува, бидејќи ќе се одржи во спортската сала каде настапувале многу големи имиња и од балканската, па и светската сцена. Што се однесува до репертоарот, ќе пеам тоа што сака публиката, ќе пеам и мои песни, а се разбира, неизбежни се и песните од филмот „Тома“, ексклузивно изјави Пејовиќ за македонските медиуми.

Организаторите „Балкан медиа“ велат дека се подготвува музички спектакл каков досега немало во нашата земја. Интересот е преголем. Секојдневно на социјалните мрежи добивавме прашања кога ќе организираме концерт на Ацо Пејовиќ. Ве уверуваме дека секој што ќе присуствува на 26-ти во „Борис Трајковски“ ќе ја памети таа ноќ. Едниствено што нас не плаши, е тоа што очигледно ќе се бара влезница повеќе, а ги знаеме капацитетите на салата, нè информираат од „Балкан Медиа“. Тимот со кој доаѓа Пејовиќ во Скопје ќе биде голем. Од најсовремена техника, па сè до најситни детали ќе мора да бидат овозможени за неколкучасовниот концерт. Исто така, неколку дена пред концертот, во Скопје ќе пристигне токму Ацо Пејовиќ на дружење со медиумите во Македонија, каде присутните ќе имаат прилика од блиску, односно лице во лице да поразговараат со големата музичка ѕвезда и да ги дознаат сите детали за концертот, но и за филмот „Тома“. Инаку влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и се по цена од 600 денари за стоење и 800 денари за седење. Истите можат да се купат преку мрежата на www.kupikarta.com, „Југотон“ и “Розе Веро 2“.

The post Ќе ги пее сите песни што ги отпеа во „Тома“: Голем концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина

Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ. – Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас […]

today18/01/2022 4

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%