EX-YU ЕСТРАДА

„Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

today22/01/2022 18

Background
share close

Три години и три месеци затвор му се пресудени на Турчинот Алсин Левент кој пред три години ја предизвика сообраќајната несреќа во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. На судењето во Гитерсло, кое започна и заврши денеска, присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Aдвокатотна обвинетиот Левент истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал сè. Во еден момент, како што пренесува „Дојче веле“, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“.

The post „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%