EX-YU ЕСТРАДА

Започнува фестивалот „Егзит“, се очекува за 4 дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе- еве кој е настапува

today07/07/2022 1

Background
share close

Портите на фестивалот „Егзит“, годинава под мотото „Заедно. Секогаш!“, се отвораат денеска во 19 часот, а се очекува за четири дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе.

Меѓу настапувачите се Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Вулф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм дет“, „Експлоитед“, „Блајнд чанл“, Адам Бејер Б2Б Енрико Санџулијано, Дакс Џеј, Сама ‘Абдулхади… Натаму, ќе настапи и регионален состав предводен од Констракта, Сенида, белградската панк-хипхоп група „Прти Би Ги“, Марчело, „Бркови“, Артан Лили, загрепски „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, Бојана Вунтуришевиќ, „Деца лоших музичара“, Кирил Џајковски…

Вратите се отвораат секој ден во 19 часот, а се затвораат во три часот наутро, по што не ќе може да се влезе во Петроварадинската тврдина во Нови САД. Фестивалот трае до 11 јули.

Поради очекуваната огромна заинтересираност за фестивалот, организаторите упатија повик до посетителите да дојдат порано, за да се избегне метеж и гужви пред портите.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Видео полно со македонска убавина: Слушнете ја новата песна на Антонио Пејоски

„Колку те посакувам“ е насловот на новата песна што доаѓа од музичката работилница на стружанецот Антонио Пејоски. Станува збор за одлична летна композиција, нешто сосема поразлично од актуелната музичка понуда на домашната сцена. Антонио, вели, песната ја правел со многу љубов и желба сите оние кои ќе ја слушнат да се „размрдаат“. Интересно е што тој самиот е автор на оваа композиција за која открива дека инспирацијата ја нашол во […]

today04/07/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%