EX-YU ЕСТРАДА

„Зад завесите“: Нова песна и видео запис на Бојана Скендеровски (ВИДЕО)

today28/01/2022

Background
share close

Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија.

Видео записот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ вчера премиерно ја доби својата онлајн промоција.

Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којштозапочнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.

-Чувството да се биде повторно во етер е секогаш слатко задоволство, а најмногу поради можноста преку музиката како уметност да споделам вистински емоции и порака за важни теми, коишто сметам дека е потребно да се дискутирани во општеството.Да пренесам размислување и ставпреку мелодија, да се искажам емотивно, можам единствено на најдобриот начин на којшто умеам – преку песна. Сакам да се заблагодарам на целиот тим, којшто ја поздрави и прифати идејата на новата Бојана, проект којшто со голем предизвик и ентузијазам го најавувам за започнат со „Зад завесите’’. За оваа година си поставив цел да го споделам со јавноста сето она кое веќе неколку години созрева во мене, а тоа е еден поинтензивен и помоќен стил на носење порака до гледачите, изјави Бојана.

Зад завесите се потпишува искусен тим.

Видео записот на новата балада е во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова.

-Пред околу една година, текстот го напишав во еден здив. Емоциите се испишаа скоро сами во строфите на песната, а произлегоа од мислата за сите луѓе, кои се во животот на еден човек, но се всушност и публика, набљудувачи, коментатори и судии. Сфатив колку малку луѓето ја разбираат туѓата болка и колку им е полесно да го дефинираат човекот според своите очекувања, наместо вистински да слушаат, да бидат внимателни. Сржта на песната е отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди и секој стих е дамски начин на пренесување на главната порака, којашто Бојана ја доловува совршено со својот доминантен и препознатлив глас, вели текстописецот Ксенија Николова.

-Кога се обраќаш кон самиот себе во потрага по одговорите, е суштинскиот двигател во самиот видео запис. Бидејќи се оддалечивме едни од други, но најмногу се оддалечивме од себе. Сѐ што ни се случува е рефлексија од нашата внатрешна состојба, се надоврза Александар Ристовски-Принц.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

Естрада

Македонскиот претставник на Евровизија ќе настапи во второто полуфинале

На Евровизија 2022 македонскиот претставник, кој допрва треба да го избереме, ќе пее во второто полуфинале. Со ждрепка преку пренос во живо, организаторите на Евросонг ги извлекоа земјите учеснички кои двете полуфинални вечери ќе учествуваат во ова најголемо музичко шоу во Европа кое годинава ќе се случи во мај во Торино, Италија. Според распоредот првата полуфинална вечер оваа година ќе настапат претставници од Албанија, Латвија, Швајцарија, Словенија, Бугарија, Молдавија, Украина, […]

today28/01/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%