EX-YU ЕСТРАДА

Во случај на развод, на Карлеуша и следуваат милиони евра: Ова се цифрите и имотот кој би го делеле

today13/01/2022 71

Background
share close

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со денови е во центарот на интересирањата, бидејќи пејачката за Божиќ го пријави сопругот за семејно насилство. Многумина се запрашаа дали популарниот пар ќе го заврши бракот со развод, или ќе успеат да ја надминат моменталната криза. Во случај на развод Јелена би можела да добие голема количина пари, толку што не би морала да работи до крајот на животот, судејќи според цифрите кои се спомнуваа во медиумите во текот на претходните години. При развод се дели се што е стекнато за време на бракот, а Тошиќ заработувал енормни суми после стапувањето во брак со Јелена. Прво играше за репрезентацијата на Србија, за потоа да помине во Црвена Звезда, а потоа и во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај останатите клубови, Душко најголемиот успех, како и заработка ги оствари во турскиот клуб Бешикташ, во кој играше од 2015 до 2018. Според медиумите, за овие три сезони во познатиот клуб Тошиќ заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на дотогашната заработка од 900.000, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран меч. После големиот успех во овој клуб, Душко премина во кинескиот Гуангџоу, каде бил уште по платен. Имено заработувал 5.800.000 евра по сезона, со што стана најплатен српски фудбалер. Ако се собере се, Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу 18 милиони 750 илјади евра. По таа претпоставка на Јелена би требало да и припадне половина од таа сума, што изнесува околу 9 милиони евра. Освен парите во игра за делба се и недвижнините и автомобилите, а Душко би требало да плаќа и алиментација за ќерките, доколку децата и припаднат Јелена.

The post Во случај на развод, на Карлеуша и следуваат милиони евра: Ова се цифрите и имотот кој би го делеле appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%