EX-YU ЕСТРАДА

Во Македонија притворениците се уште не носат алки, но во Србија „наногица“ носеше и Цеца

today11/13/2021

Background
share close

Иако постои законска можност, во Македонија лицата што се во домашен притвор се уште не носат алки со кои ќе се контролира нивното движење доколку излезат надвор од домот. Овој пропуст пред неколку дена го утврди и Државниот завод за ревизија а во соседството вакви алки се носат одамна. Најпознатата „наногица“ како што се нарекува во Србија ја носеше Цеца пред 11 години кога беше приведена во акцијата „Сабја“ по убиството на премиерот Ѓинѓиќ. Таа раскажа какво било искуството со ваква алка.

Предноста на „наногицата“ е што ги имате сите можности на домашни ресурси, т.е. на целиот свој имот. Ги немав привилегиите што ги имаа сите други, морав да бидам исклучиво во дневната соба и вертикално во мојата спална соба. Знам дека Марко Мишковиќ и мојот пријател Мило Ѓурашковиќ, носејќи наногица, можеа да се движат апсолутно насекаде во нивната куќа. Можеа да играат и фудбал во дворот, а јас бев осуден само во дневна и спална соба. Не смеев да шетам по цела куќа, што е законски незамисливо. Не можев да сретнам никого на вратата, а имав две бебиња во куќата. Според законот два часа можеш да одиш во град, јас немав ништо. Ако отидам малку подалеку од пропишаната рута, веднаш се јавува некој. Велат: „Го нарушивте радиусот на движење“. Си се исмејуваа! Осум месеци седев на столчето и на перниците-се пожали Цеца.

https://republika.mk/vesti/makedonija/alkite-za-sledenje-na-lica-vo-domashen-pritvor-ne-rabotat-otkrija-revizorite/

The post Во Македонија притворениците се уште не носат алки, но во Србија „наногица“ носеше и Цеца appeared first on Република.

Written by: KissFM

Rate it

Previous post

Естрада

Објавени песната и видеоспотот на македонските претставници од „Дајте музика“ за Детската евровизија

„Ова е единственото место кое го нарекуваме дом и мора да сфатиме дека постапуаме погрешно“ – можеби звучи како заклучок од неодамнешната конференција за климатски промени КОП26, но всушност ова се стиховите од песната која ќе ја претставува Македонија на детскиот избор за песна на Евровизија 2021 во Париз. Четворица тинејџери од актерската екипа на проектот „Дајте музика“ која е составена од речиси 40 талентирани деца, беа избрани од страна […]

today11/13/2021

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СЛУШАЈТЕ ГО РАДИО KISS FM ПРЕКУ ВАШАТА ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

0%