Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика.
Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски.
Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон фамилијата.
– Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи – сето тоа испреплетено во една песна. Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив – вели младиот Зацески
За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи младиот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот.
Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика. Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот […]
Коментари за веста (0)