EX-YU ЕСТРАДА

ВИДЕО: Македонци во Америка создаваат рап-музика, Никола и Вукац на патот до светската сцена

today19/04/2022 12

Background
share close

Младиот продуцент Никола Тефов како многу други во нашата земја, така и тој пред неколку години среќата си ја побарал преку океанот, односно Америка од каде успеава да го работи она што за целиот свој живот сонувал.

Никола е млад, но успешен продуцент кој во Америка работи на големи музички проекти…

Во Америка тој се сретнува и со македонскиот рапер Александар Петров – Вукац „Ем-си“, со кого ја продолжуваат нивната соработка.

Тефов е продуцентот na песната и видеото за “I Step On The Gas” изведена од македонскиот рапер Александар Петров АКА Vukac MC и поранешен член на латино бендот „Фуланито“ кој што имаат две Греми номинации, Сем Серати ака SamGotDI. Александар Петров е познат и како Vukac MC.

Како и многу млади во оваа земја во 2011 година тој престанува со музиката поради финансиски причини, но 10 години подоцна тој повторно соработува со Никола Тефов за неговиот “Come Back”. „I Step On The Gas“ беше објавена на сите платформи преку издавачката куќа NT Music на Божиќ, 27 декември. Аудио и видео продуцент е Никола Тефов, познат како NT Beats.

SamGotDI и Vukac MC исто така придонесоа во процесот на пишувањето на песната. Песната беше инспирирана од хип-хоп иконите како Eminem, 50cent, T.I. и Royce Da’ 59. Повеќе песни и проекти од двајцата артисти се на хоризонтот, како и позначајни соработки со индустриски гиганти.

Но покрај тоа што песната е на Англиски јазик, Македонија им е сеуште во срцава, и за тоа при крај на песната ќе можете да го видете Македонското знаме so шеснаесет-зраци.

Дополнително, ако сакате да го поддржите Vukac MC, дефинитивно треба да отидете и да се подновете со новата облека од неговата продавница www.VukacMcStore.com.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%