EX-YU ЕСТРАДА

ВИДЕО: АББА објавија нов спот за една од нивните најуспешни песни

today21/03/2022

Background
share close

Шведскиот бенд „АББА“ објави нов спот со стихови – за нивниот хит „Chiquitita“. Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Voulez-Vous“ од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот.

„Chiquitita“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот. За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од Би-би-си во Швајцарија, 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со снешко во позадина.

„АББА“ неодамна повторно се обединија за да го издадат „Voyage“ – деветтиот студиски албум на бендот и прв по 40 години.

Најавено е и ново концертно искуство – со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт ќе се одржи на 27 мај.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Предходни вести

EX-YU ЕСТРАДА

Евровизија 2022: Македонија на претпоследното место на обложувалниците, зад нас е само Словенија – Украина убедливо го држи првото место

Македонската пејачка Андреа Коевска која што ќе не претставува на овогодинешниот музички фестивал - Евровизија моментално се наоѓа на претпоследното место на обложувалниците. Само Словенија е зад Македонија со песната „Диско“ кои ќе ја изведат „ЛПС“. На официјалната страница на Eurovisionworld, може да се следи котирањето на земјите учеснички на обложувалниците, а убедливо на првото место е Украина со песната „Стефанија“ и Калуш Оркестар. Зад Украина е Италија, а потоа […]

today18/03/2022

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%