EX-YU ЕСТРАДА

Вака денеска изгледа партнерот на Северина од „порничот“

today28/12/2021 4

Background
share close

Северина Вучковиќ се прослави порно видео со бизнисменот Милан Лучиќ во 2004 година. По секс скандалот, овој милионер извесно време се повлече од јавниот живот. Тој вчера беше фотографиран во Загреб по излегувањето од црквата. Судејќи по фотографијата, Лучиќ ужива во празничната идила бидејќи весел и насмеан. Важеше за еден од најпосакуваните мажи. Во моментот кога експлицитното видео стигна до медиумите, пејачката беш верена со Среќко Варгек, со кој раскинаа неколку месеци подоцна. Северина и Лучиќ врската ја започнале во 2000 година, а бизнисменот бил многу галантен кон пејачката. Од него добивала скапи подароци, а пишувало дека добила дури и коњ кој подоцна го продала. Медиумите пишуваа дека Лучиќ наводно ја изневерил бремената сопруга со Северина, која му простила и со која и денес е во брак. Тие двајца, како што се пишуваше, раскинале откако се породила сопругата на Лучиќ и кога Северина сфатила дека тој нема да го напушти семејството. Лучиќ во 2017 година беше актер во уште еден скандал. Тој и уште неколку лица беа уапсени во акцијата „Ускок“ поради сомнение дека со години проневера незаконски прибавиле неколку милиони евра од стечајни фирми. Според медиумите, бизнисменот ја довел во стечај својата фирма, а стечајниот управник со кој имал договор му овозможил преку друга фирма да извлече вреден недвижен имот од стечајната маса, веднаш да го продаде на еден трговски синџир и да заработи повеќе милиони

Written by: KissFM

Rate it

Post comments (0)

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%