Радио KISS FM – EX-YU МузикаРадио KISS FM -Имаме нешто заедничко, сакаме добра музика!
play_arrow
По патот со облацитеYana Bolder
play_arrow
Петар Грашо со нова романтична баладаKissFM
Порака:
Филип Војо Стојановски - Свадба голема
Може нешто од Војо Стојановски?😁
Dedication
Поздрав од цело друштво од Црниче до радио KISS FM!
Dedication
Супер песни пуштате, продолжете само така!
Организацискиот одбор во Украина, одржа уште едни избори за Евровизија, па одлучи која песна ќе ја претставува нивната земја на овој натпревар во Торино, откако Алина Паш се откажа.
Украина го испраќа оркестарот Калуш и песната „Стефанија“ во Италија. Водечкиот пејач на групата Олех Псиук беше воодушевен кога ја слушна веста.
-Благодарни сме на сите што не поддржаа во финалето и ни дадоа место на евровизиската сцена. На секој човек од Украина му ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната одлука. Во овие тешки моменти за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме Украина да и ја претставиме на цела Европа, изјави Псиук за официјалните евровизиски канали.
Во коментарите на Јутјуб добија пораки со поддршка од целиот свет.
Алина Паш, која пред неколку дена го освои првото место, објави зошто се повлече од натпреварот.
-Не сакам да учествувам во оваа виртуелна војна и омраза. Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат, истакна таа.
Се започна откако во јавноста протече информацијата дека Алина го посетила Крим во 2015 година, поради што почнале да ја напаѓаат на социјалните мрежи и да и се закануваат. Меѓу другото, и било кажано дека е непријател на Украина.
Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи концерт на бендовите GAZORPAZORP (Белград), св.Псета (Белград) и ООHS (Софија). Газорпазорп е еден од најпотентните гитарски бендови на новата генерација на Балканот. Како претставници на новиот бран српски бендови, кои полека и сѐ позабележително ја преземаат палката од рацете на постарата генерација гитарски бендови во регионот, разиграните млади момчиња играат на оригиналноста и автентичноста. Во април 2018 година, тие […]
Коментари за веста (0)