EX-YU ЕСТРАДА

Три лица избодени со нож на концерт на Дара Бубамара во Белград

today05/01/2022 9

Background
share close

Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот концерт на српската фолк пејачка Дара Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград. Според Нова.рс, нападот се случил во тоалетот на хотелот. Набргу по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и брза помош. Едно лице е тешко повредено, но детали за тежината на здобиените повреди не се познати. Нападот наводно се случил после три часот по полноќ. Тие наведуваат и дека непознато лице со остар предмет им нанело повреди на главата и телото на М.М.(44), А.Р.(40) и Ф.А.(27), а потоа со Ауди А8 побегнал во непознат правец. По напаѓачот и возилото се уште се трага.

The post Три лица избодени со нож на концерт на Дара Бубамара во Белград appeared first on Република.

Напишано од: KissFM

ОЦЕНКА

Коментари за веста (0)

Оставете ваш коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

0%